Најсилен земјотрес во Велес бил регистриран 1928 година од 7,1 степени, се случил во Јадранско море

Петар Печков

По вчерашноот земјотрес според неколку медиуми а кој никаде не беше регистриран ниту постоеше, ТрМр истражуваше за бројот, зачестеноста и јачината на земјотресите кои се почувстувани во Велес последните 10 години.

Вкупно 485 земјотреси со магнитуда од четири или повеќе  степени се случиле во радиус од 300 км (186 милји) од Велес во последните 10 години. Ова се сведува на годишен просек од 48 земјотреси годишно, или 4 месечно. Во просек, земјотрес  го погодува Велес приближно на секои 7 дена. Ова се податоци  на earthquakelist.org. 

Најголем  број земјотреси се случиле во близина на Велес во 2019 година. Вкупно 95 земјотреси (магнитуда 4+) биле детектирани во радиус од 300 км од Велес таа година. Најсилниот имал магнитуда од 6,4 степени.

Во овој период  од  10 години, не се случиле земјотреси со магнитуда од 7 или повеќе во близина на Велес. Малите земјотреси со магнитуда под 4 степени според Рихтеровата скала се изоставени од овој преглед.

Најсилниот неодамнешен земјотрес во последните 10 години во близина на Велес се случил на 26 ноември 2019 година во 03:54 часот по локално време (временска зона Европа/Скопје).  Toj e  регистриран во Лач Албанија. Имаше магнитуда од 6,4 степени на  188 километри (117 милји) западно од Велес, на длабочина од 22 км. 

Најсилен  земјотрес кој го погодил Велес е со магнитуда MAG-7,1 на 18 април 1928 година во 20:22 часот, на 279 километри (173 милји) западно од Велес. Тој се случил на отворените води на ЈКадранско море. Тоа е најсилниот земјотрес во близина на Велес во последните 126 години. Податоци на  Euro-Med Seismological Centre (EMSC)   датираат од 1 јануари 1900 година.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали новината, коцкарници, казина да бидат 500 метрa подалеку од училиште, ќе ја намали зависноста од коцкањето кај младите?

  • да
  • не
Резултати