На слатко во Дворче, за потсетување на традицијата

Петар Печков


Слатка по рецептите на бабите подготвија учениците од средното училиште „Коле Неделковски“ а ученциет од економското „Јовече Тесличков“ ги спакуваа да изгледаат современо. Тоа се случуваше во просторот Дворче на Европската куќа во Велес. 

Традицијата продолжува и со мледите генерации, мерките за подготвка се менвуаат, но тајните не подготвка се учат од постарите.  Слатко и вода се служеле за секој пречек на гостите, како гест на гостопримство и внимание.

„Овој настан  е дел  од креативна дружна во Дворче, со различни содржини.  Ова  четврти настан, кога една дружба на млади може да биде преточена во конкретно во овој случај во рецепт за  слатко од сезонски овошја.  Целта беше да ги собереме повозрасните и се дружат со помладите кои ги подговија овие специјалитети“ – рече Ирена Јорданова од Европската куќа во Велес. 

За оваа пригода беше подготвено слатко од смокви, модри сливи и дуњи.   Го подготвија десетина учениците од средното училиште „Коле Неделковски“ од насоката угостителство. 

„Подготувавме по рецепти, старински. Овошјето го подготвивме, работевме  неколку часа,  за време на пракса на училиште. Имавме совети од неколку професори.  Беше убава забава и задоволство. Останува на гостите да проценат колку сме биле успешни“ – кажа  Јана Кочова, ученичка во четврта година. 

Се подготвија стотниа теглички слатко, кое за бргу време беше поделно бесплатно на гостите во просторот Дворче. Дел од слатката се пробаа со леб, како некогаш. За изгледот се погрижија учениците од економското училиште насока дигитален маркетинг.

„За традиционалниот изглед на етикетите на теглите учевме, се инспириравме  од објави на традицонални стари слатка. Боите се по избор со слатката, односно овошјата од кои беа подготвени“ -  вели Леонид Велинов. 

Повозрасните гости пак коментираа оти  некогаш не треба запишан рецепт. Познатите услови се, само уште малку шеќер, нека поврие и за крај ќе знаеш кога е готово. 

А за пријатната вечер, во дворот на некогашното кино 11 Октомври се погрижи скопскиот Хот џез оркестар. 

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Оператори во производсто Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати