Петар Печков
Објавено: вторник, 05 мај 2026
За сообраќајката кај крстосницата за село Иванковци на магистралниот пат Велес- Штип, која се случи на 12 октомври 2025 година, при што едно лице загина М.Н. од Штип (72 год), нема основа за кривично гонење, соопштија од ОЈО Велес.
„Во конкретниот случај јавниот обвинител презеде повеќе дејствија и нареди сообраќајно вештачење, од кое произлезе дека починатиот има директен придонес за настанување на опасната ситуација, по што беше донесена резолуција според која нема основ за кривичен прогон“ – пишува во одгворот на поставеното прашање до ОЈО Велес.
Сообраќајката се случи на 12 октомври 2025 година, околу 14:25 ч. на експресен пат Штип-Велес помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(72 год) од Штип и патничко возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки управувано од М.Ј.(18 год) од Струмица“. Штипјанецот почина на лице место а момчето од Струмица мина со лесни повреди.
фото интернет
