Никако да започне транспортот на згурата, место Малезија се бара во Африка

Петар Печков

Наспроти најавите дека  од почетокот на годинава ќе започне транспортот на згурата, за Малезија, ридот близу Велес и натаму е недопрен и еко-жариште кое го загадува Велес.  Сопственикот на концесијата „Кепс маунт груп“од  Белград, која има седиште во земјава,  објаснува дека  во Малезија бил сопрен  увозот на  вакви материјали.

Малезија стави „рампа“за увозот, иако договорот ни беше потпишан една година порано.Сега чекаме што натаму. Договорот со тамошниот увозник е во нивното Министерство. Чекаме дали и колку ќе ни одобрат за внес во земјата.  Нивен проблем е што имаме договор кој е валиден и треба да си го решат. Мораториумот  за увоз во Малезија е од први јануари до крајот на јуни – велат од компанијата Кепс Маунт груп, со седиште во Македонија. 

Според планот за работа, ридот каде се складирал отпадот од три децениската работа на велешката Топилница, е тежок 1,8 милиони тони и тој треба да се отстрани за четири години.  Досега во четири  наврати инвеститорот најавуваше и го пролонгираше почетокот на работата на дислокацијата на згурата.  За ова петто одлагање ја смируваат јавноста во градот, со најава дека работат згурата да се пласира во трета земја.

Имаме резервна варијанта. Преговараме со земја од Африка и од Источна Европа. Таму  овие месеци требаше да тргнат првите 300-400 камиони. Но за жал состојбата со КОВИД-19 ги прекина активностите, ги затвори  границите.  Ова требаше да се случи преку голема турска компанија, која има топилници низ светот– соопштија од компанијата. 

Депонијата со згура е една од десетте црни еко-точки во Македонија и се наоѓа северно од Велес на влезот од правец на Скопје. Од наталожените материјали, при секој ветер се разнесуваат во градот, опасни и штетни честички кои се таму наталожени.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати