Нови две физички пресметки вчера во Велес

Петар Печков

СВР Велес информираше за две тепачки кои вчера се случиле во Велес и во село Иванковци. Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес со писмена информација соопшти: 

Понеделникот на 18-ти мај  околу 18.30 часот во СВР Велес било пријавено дека во село Иванковци бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.К.(59) и М.К.(56), од една страна и В.К.(51) и М.К.(24), од друга страна, сите од село Иванковци. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 18-ти мај, понеделник  во Полициската станица Велес Н.З.(40) од Велес пријавил дека околу 10.15 часот пред неговата куќа бил физички нападнат од Н.Т.(47) од Велес. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати