Нови девет лица во изолација во Велес, иако нема нови позитивни

Петар Печков

Изминатото деноноќие во Велес  и велешко, заедно со општина Градско, има нови девет регистрирани лица со решение за изолација. Така вкупниот број е 105, додека во самоизолација во велешко нема, соопштија од СВР Велес.

Нема ниту нема регистрирано лица кои не ја почитувале забраната за движење за време на полицискиот час. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки.

Велешани кои се наоѓаат во државен карантин во други градови се 24 лица, додека двајца се во хотел Монтенегро. Таму денес стигна нова група од 25 македонски државјани повратници и има 13 лица од претходно, на кои утре им завршува периодот од две седмици државен карантин. 

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Оператори во производсто Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати