Нов возен ред на Македонски железници

Петар Печков

 

Со новиот возен ред во внатрешниот железнички сообраќај  во редовен сообраќај се враќа возот  „Пелагонија експрес“ кој ќе сообраќа на релацијата Битола – Скопје – Битола.  Од Битола во Велес доаѓа  во 7:30 часот наутро, а во Скопје ќе пристигнува во 8:17 часот. Во правец кон Битола од Скопје поаѓањата се во 17 часот, а пристигањата во Велес во 17:42 а во Битола стигнува во 19,50. Попатно ќе застанува само во станиците Прилеп, Богомила и Велес.

- Станува збор за воз кој ќе понуди и еден  повисок квалитет на возење, но истовремено и удобност - соопштија од МЖ Транспорт АД Скопје.

Со новиот возен ред од Велес ќе сообраќаат четири пара возови кон Битола, четири пара кон Гевгелија, 14 пара кон Скопје, два пара кон Кочани и обратно. Во меѓународниот сообраќај и годинава остануваат двата пара возови кон Солун и Белград – „Хелас експрес“ и „Олимпус“ кои ќе сообраќаат во утринските  и попладневните, односно вечерните часови.

Во летниот период   од Скопје ќе има и директни вагони, како и досега, кон  Бар и Бургас. Новина  е што од 25 јуни до 10 септември еднаш неделно ќе сообраќа нов туристички воз  „Меридијан експрес“ кој ќе остварува директни врски со Прага, Братислава, Киев, Москва и Будимпешта до Солун.

Во товарниот меѓународен сообраќај предвидени се  15 транзитни траси во правец  од Табановци кон Гевгелија, а 12 обратно. За потребите на нашето стопанство предвидени се девет пара траси кон Табановци исто толку кон Гевгелија (Солун), како и два пара траси кон Косово Поле. За потребите на внатрешниот товарен сообраќај планирани се соодветен број на траси за квалитетно да се подмират потребите на македонското стопанство, велат во ЈП МЖ.

СКОПЈЕ-ВЕЛЕС:  02,25(п);  06,05(п);  06,48(п);  07,30(е); 09,00(п); 13,20(п); 14,30(п); 15,20(п); 16,40(п); 17,00(д); 17,30(е); 19,20(п); 19,43(п); 22,40 (п);

Велес – Кочани: 03,15 и 16,14 

Велес – Битола: 07,53  15,26  17,42 и 20,19

Велес – Гевгелија: 06,56   08,11  18,13  и 20,42 

За Солун 08,11 и 18,13 

За Белград 08,12 и 19,36

Велес–Скопје: 05,11  05,40  06,32  07,30  08,12  11,50  14,23  15,27  17,49  18,14  19,36  20,18  21,05

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати