ОК ВМРО-ДПМНЕ Велес-најавениот инвестициски бум во Велес, празно ветување

Петар Печков

Златко Крлев - претседател на комисијата за економија во ОК Велес на денешната прес конференција  рече дека  инвестицискиот бум кој  се најавувал  од страна на владејачката коалицијата, останал  само празно ветување на хартија. 

До кога наместо нови странски инвестиции во индустриските зони „Речани“, „Узус“, „Караслари“, „Порцеланка“ и „Мамутчево“ во кои ќе се вработуваат велешани, институциите ќе ги полните со партиски кадри и послушници. До кога ќе ја продолжувате тенденцијата на превработеност во ЈКП „Дервен“? За жал, последната поголема инвестиција која му се случи на градот е отворањето на германската фабрика „Маркарт“ во која многу семејства ја обезбедуваат својата егзистенција. За потсетување, Маркарт се отвори во времето кога Општина Велес ја водеше градоначалник и советничко мнозинство од ВМРО-ДПМНЕ. Во истиот тој период која ВМРО беше на власт се отворија и другите фабрики во кои се вработени многу велешани: „ Дрекслер Мајер“, „Ван Хол“, „Џонсон Мети“ и др. Целата надеж на велешани беше во вицепремиерот Анѓушев, кој наместо да се заложи да го развие економски својот град, остави пустош во него, бетонирајќи ја својата монополска позиција во градот, а за волја на вистината и во државата со измени на законите за тргување и производство на електрична енергија. 

Локалната власт во веќе постојните  зони нема еден проект за подобрување на инфраструктурата и условите за работа на фирмите кои покрај купување на социјалниот мир преку вработувањата, го полнат и буџетот на општината како даночни обврзници.  Токму поради ваквите политики нема ни надеж за подобрување на ситуацијата во реалниот сектор, ниту пак очекуваме зголемен прилив на средства во општинската каса за сервисирање на услугите на граѓаните - рече Крлев.  

loading...

Поврзани »

loading...

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

  • ги помнам само убавите моменти
  • што поскоро да ја заборавам
  • постар/а сум за една година
  • имаше и убави и лоши работи
  • како и секоја друга
Резултати