Објектот на велешки театар нема греење, десетина дена нема претстави

Петар Печков

Десетина дена  на репертоарот на велешки театар нема претстава. Последната  комедијата ,,одам на лов,, се одигра на 23-ти ноември и оттогаш  сцената е празна. Официјална информација зошто актерите не играат, од претставите актуелни годинава, нема.

Неофицијално нема греење, оти бил промашен терминот за набавка на гориво за затоплување на објектот.  Во обид да се стигне до релевантен одговор, писменото прашање, зошто нема претстави на репертоарот, беше упатено до в.д  директорот Александар Ивановски, кој е во Романија, каде подготвува премиера на театарска претстава. 

Не сум во позиција да дадам официјален  одговор. Истечен ми е  мандатот -  напиша во  пораката Ивановски.

Вработените, актерите не зборуваат јавно зошто нема греење, каде е проблемот, кој дозволи на почетокот на грејната сезона, објектот да остане без мазут. Но затоа  стравуваат кој ќе им потпише за да ја земат ноемвриската плата и кога ќе ја земат, бидејќи немаат в.д. директор. 

Истото прашање, зошто нема театарска претстава во велешки театар беше поставено  и  до Министерството за култура. Од таму следниот одговор.

Ве информираме дека по истекувањето на мандатот од шест месеци  до 30.11.2019 год, театарскиот режисер Александар Ивановски повторно е назначен за в.д. директор на Центар за култура Јордан Хаџи Константинов Џинот – Велес  - одговори  Нурџан Асановска портпарол на Министерството.

Овој документ не е стигнат до велешки театар и старо новиот в.д. директор кој е отсутен од државата.  При крајот на минатиот месец требаше премиерно да се прикаже  претставата ,,Сестрите Прозорови,, но досега тоа не се случи, а до крајот на годинава планирана е премиерата и на претставата ,,Сара,, и двете работени од сопствени средства. 

Центарот за уметност и култура од Велес, има и дигитален проектор за прикажување на филмови, но бидејќи тој е расипан една година, велешани остана без можност  пролетва да ја следат ревијата на новиот германски филм, и немаа можност да ги видат најновите македонски филмови ,,Врба,, ,,Меден земја,, ,,Господ постои, името и е Петрунија,,.   

loading...

Поврзани »

loading...

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

  • ги помнам само убавите моменти
  • што поскоро да ја заборавам
  • постар/а сум за една година
  • имаше и убави и лоши работи
  • како и секоја друга
Резултати