Од вечерва премиерно во светските кина и во Киноверзум Велес, биографскиот филм „Мајкл“

Петар Печков

Од денес среда, заедно со светските кина, и во Велес започнува со прикажување на биографскиот филм, „Мајкл“ посветен на поп ѕвездата Мајкл Џексон. Се очекува дека тоа ќе биде голем светски филмски хит.  Филмот го прикажува животот на Мајкл Џексон, следејќи го неговото патување од откривањето на извонредниот талент како лидер на „Џексон Фајв“ до тоа да стане визионерски уметник чија креативна амбиција разгорела неуморен нагон и желба да стане најголемиот изведувач во светот. Пренесува делови од неговиот живот надвор од сцената, како и некои од најлегендарните изведби од неговата рана соло кариера, филмот ѝ дава можност на публиката да го види Мајкл Џексон како никогаш досега - од првиот ред. Тука започнува неговата приказна. Главната улога во филмот „Мајкл“ ги играат Џафар Џексон, кој ја за прв пат се појавува во филм. „Мајкл“ е продуциран од авторот на „Боемската рапсодија“, филм посветен на пеачот на Квин, Фреди Меркјури.  Се прикажува секоја вечер од 19,50ч.  

На репертоарот на Киноверзум Велес се и двата најгледани филма во светот изминатиот викенд, анимираниот „Супер Марио галаксија филм“ и хоророт „Мумија„. 
Во средиштето на „Мумија“ е приказната за семејството чиј живот неочекувано и целосно се менува кога нивната млада ќерка Кејти, којашто пред осум години таинствено исчезнала во пустината, ненадејно се враќа дома. Но Кејти веќе никогаш нема да биде иста, па иако би требало да биде среќно повторно обединување, нејзиното враќање се претвора во жив кошмар, а семејството ќе треба да открие што се случувало додека била исчезната. Се прикажува од 22,10 ч.  петок, недела и вторник.

Анимираниот „Супер Марио галаксија филм“ има голема гледаност во светот и две седмици е на прво место. Марио тргнува во вселената, истражувајќи космички светови и соочувајќи се со галактички предизвици далеку од познатото Кралство на печурките. Се прикажува од 18ч. 

Во киноверзум Велес трет месец на репертоарот е хрватската комедија „Свадба“ која се прикажува од 22.10ч. четврток, сабота, понеделник и среда.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

  • да
  • не
Резултати