Од годинава на велосипедиските настани на аматери се воведува и натпреварувачки дел, за да се засили интересот во јавноста

Петар Печков

Од годинава во календарот на Македонската  Асоцијација на Аматерски Велосипедски Здруженија и Клубови (МААВЗК) се воведува значајна новина, се воведува натпреварувачки дел. МААВЗК брои 26 велосипедски здруженија или клубови кои опфаќаат околу  800 активни членови велосипедисти аматери.

„Со воведување натпреварувачки систем во рамките на Асоцијацијата, очекуваме да привлече големо внимание како во велосипедската заедница во Македонија така и во регионот“ кажа  Зоран Јаневски претседател на МААВЗК. Тој на годишното изборно собрание одржано во Велес, бил реизбран за претседател на МААВЗК со мандат од две години. 

Нов мандат од две години добиле и секретарот Живко Гурев од „Тиквешки Точакџии„ – Кавадарци, како и потпретседателите Горанче Богоевски од  „Macedonian bike riders“ – Скопје и Даниел Гарбески од „Вело Че“ – Прилеп, како и сите членови на Управниот и на Надзорниот одбор.

На ова Годишно собрание бил  утврден и новиот календар на велосипедски настани за 2026 година. Со  него се предвидени  26 велосипедски настани и оутдоор фестивали  организирани од членките на Асоцијацијата.

Според календарот сезоната започнува на 22 март во Штип и завршува на 1 ноември во Валандово. 

фото ФБ Македонска Асоцијација на Аматерски Велосипедски Здруженија и Клубови

Поврзани »

IQOS brand вработува

Придружи сѐ на нашиот тим низ цела Македонија! Почетна плата ДО 34.000 денари (хонорар + бонуси) Детали

ПРОГРАМА ЗА НОВОГРАДБИ ВО ВЕЛЕС

Хабитат Македонија ги повикува заинтересираните семејства да се пријават за вклучување во Програмата за новоградби во Велес.
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

  • да
  • не
Резултати