Од 3-6 јули Фолклорниот фестивал Велес по 16 пат

Петар Печков

Од среда до сабота Велес по 16-ти пат ќе биде во ритамот на изворната музика, традиционалните носии и народниот фолклор. Четири дена во амфитеатарот на Младинскиот парк ќе се одвива Фолклорниот фестивал ,,Велес 2019,,.  На сцената ќе настапат 17 ансамбли, шест од странство и 11 од Македонија.  Се ќе започне со традиционалното дефиле, среда од 19 ч. од Средношколскиот дом ,,Лазар Лазаревски,, преку Благој Ѓорев и Алексо Демниевски Бауман.

Заедно со тимовите од Општина Велес и организациониот одбор, работевме на создавање на квалитетна програма, која верувам дека ќе привлече многу илјадна публика на фестивалот.   Ги поканувам сите граѓани, љубители на фолклорот да бидат со нас четирите фестивалски вечери и уживаат во програмата  - рече Томе Јаневски претседател на организациониот одбор на Фолклорниот фестивал ,,Велес 2019,,. 

Фестивалот се организира со финансиска поддршка од Општина Велес и Буџет од 600 илјади денари и 50 илјади денари поддрчка од велешки фирми, љубители на фолклорот. 

Сите вечери на манифестацијата ќе се одржуваат на летната сцена во Младински парк,доколку заврне настапот се сели во салта ,,Гемиџии,,. 

 И покрај финансиски проблеми и одлуката на Министерството за култура да не додели средства, успеавме да одржиме високо ниво на фестивалот. Велес и велешани ќе имаат можност  четири дена да бидат домаќини на фолклорот на светот. Ве поканувам како добри домаќини да ги поддржите учесниците со посетеност и со аплаузи   - изјави градоначалникот Аце Коцевски. Меѓу учесниците на Фестивалот се и ансамбли од Сардинија - Италија, од Полска, Бугарија, Турција, Хрватска и БиХ.

loading...

Поврзани »

loading...

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

  • да
  • не
  • можеше и подобро
Резултати