Опожарен иконостасот во Св.Атанасиј Богомила

Петар Печков

Огнот го зафатил иконостасот во 15,30 часот па жителите веднаш започнале да го гаснат а се придружило и едно протипожарно возило од Велес, и огнот е изгаснат по еден час.

При ова изгорел дел од иконостасот  со површина од 20 метри квадратни, неколку икони 3 големи и 5 мали и дел од таванската ламперија.

Жителите се сомневаат дека причината за пожарот е некоја заостаната неизгасната свеќа од утринската литургија  или неисправна инсталација.

Црквата Св. Атанасиј е изградена во 1837 година, кога е поставен и иконостасот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати