Општина Чашка одбележа 30 години постоење и денот на Општината (фото)

Петар Печков

Oпштина Чашка одбележа 30 години како единица на локална самоуправа и 21 авгсут денот на Општината.  Локалните власти порачаа „од рурална до модерна општина – ова е патот по кој чекори локалната самоуправа на една од најголемите општини во Македонија, Општина Чашка“.

Триесет години предизвик, посветеност и работа за секое населено место да стане попривлечно за своите жители, за тие да одлучат да продолжат да живеат тука и љубовта кон Чашка да ја пренесат на своите деца. Нашата цел е со заеднички сили да продолжиме да чекориме напред, да обезбедиме инфраструктурен, економски, социјален и културен напредок за доброто на сите наши жители, а со тоа општина Чашка да ја направиме пријатно место за живеење“ – кажа претседателот на совет на Општина Чашка Семир Зеќиров.

Градоначалникот на општина Чашка Суат Шаќиров, ги поздрави прусутните, како претставник на мултиетничка општина. 

„Ги превземав започнатите капитални проекти, за што сум благодарен на трудот на моите предходници, и поголемиот дел од нив успеавме веќе да ги реализираме или се во завршна фаза на реализација. Врз основа на донесените Програми за работа на општина Чашка за 2026 година, се реализираат проекти со подеднаква застапеност на граѓански приоритети во населените места без разлика на верска, етничка или друг вид на припадност. Заедно со општинската администрација, се работи на подготовка на нови проекти од областа на водоснабдување, канализации, патишта, образование, културни манифестации. Од проектно техничка документација, до конечна изведба за доброто на сите. Секоја идеја која може да донесе економска придобивка, нови работни места, развој и подобар живот за нашите граѓани ќе биде разгледана и ќе се работи на нејзина реализација. Преку посветена работа, за секое населено место, за секој граѓанин ќе ја реализираме нашата цел – модерна, развиена и силна Општина Чашка“ – порача Шаќиров.  

На свеченоста биле доделени и признанија за највредните во општинската администрација. 

Гордана Димитријовска , Најдобар вработен во општина Чашка за 2025 годинаж

Маријана Цветановска , Најдобар социјален работник

Цветанчо Балоски, Најдобар полициски службеник

Џемал Шабанов, Најдобар комунален работник

Башким Усејнов, најдобар просветен работник во ООУ „ Лирија “ Горно Јаболчиште

Бесмир Џафери , најдобар просветен работник во ООУ „ Дитуриа“ Бањица

Магдалена Јаневска, најдобар просветен работник во ООУ„ Петре Поп Арсов“ Извор

Николче Ристовски, најдобар просветен работник во ООУ „ Тодор Јанев“ Населба Чашка

Биле доделени признанија и за институции и здруженија кои изминататие години соработуваат до Општина Чашка. 

Црвен крст на Република Северна Македонија , Општинска Организација – Велес, за посебен придонес во поттикнување, промовирање и развој на хуманите вредности во локалната заедница

На Јавно претпријатие национални шуми Шумско стопанство БАБУНА за посебен придонес во заштита на животната средина

На Територијална противпожарна единица на Општина Велес За посебен придонес , професионално и навремено дејствување, како несебично делување во заштита на животна средина и објекти

На МВР СВР Велес, Полициска станица Чашка за посебен придонес во зачувување на безбедност на жителите во општина Чашка

На Центар за развој на Вардарски плански регион за поддршка и реализација на проекти од општо добро

На АЛАЈАНС УАН Кавадарци за поддршка и реализација на проекти од општо добро.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ВАР системот на последното СП во фудбал влијаеше на резултатите од одредени натпревари?

  • да
  • не
Резултати