Отворена лабараторија за развој на нови производи, при Техничко-технолошки факултет во Велес (фото)

Петар Печков

Техничко- технолошкиот факултет од Велес доби нов  современ прехранбено- технолошки центар за развој, кој служи за  создавање на нови иновативни производи. Тој  е дел од проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и  Министерството за локална самоуправа, вреден е 2,17 милиони денари.

„Малите и средни фирми по големина, немаат можност и капацитети за истражувања и развој, што води до потребата од надворешни извори за иновации. Едно од решенијата е преку соработка со факултетите, поради што и го поддржавме овој проект.  Беше задоволство да се види опремата и лабораторијата, бидејќи тука студентите  ќе можат од прва рака на конкретни примери да го унапредат знаењето“ - рече Сибил Сутер амбасадорка на Швајцарија во Скопје.

Прехранбено- технолошки центар е опремен со современа лабораториска опрема, која на заинтересираните, актуелни и дипломирани  студенти, им овозможува  да ги усовршуваат своите стручни знаења, но и претприемачкиот потенцијал  за отворање на сопствен бизнис. Со автоматизираната опрема има можност да се анализираат суровините и прехранбените намирници, да се одредува количина на протеини, масти и вода во продуктите.

„Работата на новиот  Прехранбено- технолошкиот центар ќе резултира со зголемена понуда на нови прехранбени производи со посебни нутритивни и функционални карактеристики, произведени според барањата на современиот потрошувач. Тие ќе придонесат за зголемување на конкурентноста на компаниите на домашниот и странскиот пазар“ кажа проф. д-р. Татјана Калевска декан на ТТК факултетот во Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати