Пак повеќе оздравени -34, отколку нови случаи 30, со ковид-19 во велешко

Петар Печков

Денес во велешко има регистрирано  30 ново заразени лица со ковид-19 а оздравени се 34, соопшти Центарот за Јавно здравје Велес. Или продолжува трендот на повеќе пациенти кои оздравеле, отколку што се заразиле.

Досега во велешко има регистрирано  вкупно 1.501 лице позитивно на ковид-19, досега оздравеле 701.

Активни  случаи има 754,  675 се на домашно лекување, 70  се во велешка Болница, две во ГОБ 8-ми септември, седум се на приватни клиники во Скопје.

Вкупниот број на хоспитализирани пациенти  во Велешка Болница е 88 пациенти, од кои 73 потврдени позитивни, 9 сомнителни и 6 со негативни контролни тестови, но со симптоми и здравствени проблеми. 

На Инфективно одделение сместени се 59, на Физикално  14 и на Интерно 15 пациенти. 30 пациенти се на кислородна поддршка.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

  • зголемување на казните за не носење маска
  • затворање на одредени градови, општини со голем број заразени лица
  • повторно воведување полициски час
Резултати