Парични награди за учениците и нивните ментори, од училиштата во Велес кои освоиле награди на државни и меѓународни натпревари (фото)

Петар Печков

За прв пат годинава, локалната власт ги награди учениците и нивните ментори од основно и средно образование од Општина Велес, кои добиле награда на државен или меѓународен натпревар во учебната 2023/24 година.

Парична награда добија 106 ученици и 58 ментори, од нив   76 ученици и 40 ментори беа  од основните училишта и за 30 ученици и 18 ментори од средните училишта. Меѓу наградените беа и учениците од основното музичко училиште од Велес.

„Со оваа одлука и обезбедените средства за финансиска награда сакавме да ги мотивираме и охрабриме и учениците и нивните ментори, да продолжат по патот на успехот“ – кажа градоначалникот Марко Колев.

Учениците во зависност од пласманот добиваа по 5, 4 или 3 илјади денари  за прво, второ и трето место, исто  толку и менторот. Доколку ученикот имал повеќе пласмани меѓу првите три, добива една награда и тоа за  најдоброто, највисокото освоено место.

фото ФБ/Општина Велес

Поврзани »

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Магационер
Техничар за одржување
Оператори за производство на крвни линии

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на Советот на Општина Велес, од мандатот 2021/2025 година? (училишни оценки)

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати