Петмина велешани учесници во Шпанската граѓанска војна

Петар Печков

Шпанска граѓанска војна (17 јули 1936 – 1 април 1939), позната и како Шпанска револуција — војна помеѓу шпанската републиканска влада и нејзините левичарски поддржувачи, од една страна, и бунтовниците, војската и десно-ориентираните елементи, на чело со Франциско Франко од друга.

Во војната се вмешуваат и странски сили. Иако во принцип е усвоена политика на немешање, СССР ја поддржува Владата, а Франко е поддржан од Италија на Мусолини и од Хитлерова Германија. На страната на Владата се борeле и доброволци од многу земји, кои главно биле дел од Интернационалните бригади. Меѓу попознатите фигури што се бореле на страната на Републиката биле: Џорџ Орвел, Ернест Хемингвеј, Андре Малро и други.

Хаџи Панзов Иванов Ганчо – роден на 12 август 1900 година во Велес. Емигрирал во Франција во 1924 година. Во Шпанија дошол од Франција на почетокот на септември 1936. Загинал во првите борби пред Мадрид на 18 ноември 1936. 

Ќамилов Панов Кирил – роден на 28 јануари 1898 година во Велес. Професор. Студирал на Универзитетот Сорбона во Париз, а докторирал на Универзитетот во Нанси во 1936 година. Во Шпанија дошол од Белгија во јануари 1937 година. Бил во баталјонот „Георги Димитров" и баталјонот „Дуран". Капетан. Во НОБ од 1944 година. Бил директор на Институтот за фолклор. Умира на 5 септември 1976 година во Скопје.

Пандов Пенчо – од Велес за него нема податоци

Мишковски Орданов Трајко - Оскар – роден на 5 март 1903 година во Велес. Во Шпанија дошол на 1 октомври 1936 година од Чехословачка. Се бори на Мадридскиот фронт. Командант на баталјон. Мајор. По завршувањето на војната е одведен во логорот Гирс, на југот на Франција. Таму останува до 1944 година, кога успева да побегне од логорот и се вклучува во францускиот отпор. По ослободувањето на Франција заминува за Југославија. На 1 февруари 1949 година е уапсен и е испратен на Голи Оток. Починал на 23 октомври 1985 година во Скопје.

Демниевски Алексо - Бауман – роден е на 10 септември 1905 година во Велес. Во 1924 година станува член на СКОЈ, а во 1926 година - член на КПЈ. Во 1928 година заминал во СССР. Во Шпанија дошол од СССР на 20 ноември 1936 година. Во декември 1936 година се бори на фронтот кај Кордоба, а во јануари 1937 година станува командир на Балканската чета на 14-та Интернационална бригада. Потоа, од 20 јули 1937 година, е командант на баталјонот „Ѓуро Ѓаковиќ“, а во септември 1937 година е унапреден во чин мајор и поставен е за началник на командата на групацијата баталјони при 45-та дивизија од која во февруари 1938 година се формира 129-та интернационална бригада. При тоа тој е повторно поставен за командант на баталјонот „Ѓуро Ѓаковиќ“. На 2 април 1938 е ранет во борбите на арагонскиот фронт (кај селото Поблета) и во август 1938 година е префрлен во Париз, каде му е ампутирана десната нога. Во април 1939 година е префрлен во СССР на лечење. Во Втората светска војна бил во Киргистан, на границата со Кина. Во Југославија се враќа во декември 1944 година. Станува командант на 15-от македонски корпус и учествува во битките на Сремскиот фронт. По војната врши високи воени должности во ЈНА и во Државниот секретаријат за народна одбрана. Умира на 5 септември 1961 година во Белград.

loading...

Поврзани »

loading...

Се наградуваат најубаво украсен излог, двор и тераса

Општина Велес ќе додели награди за најуспешна празнична илуминација по повод новогодишните и Божиќните празници:

  • Најубав излог
  • Најубав двор
  • Најубава тераса.

Наградата е во паричен износ од 15.000 денари за секоја категорија.


Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

На што ќе се греете зимава?

  • огревно дрво
  • пелети
  • нафта
  • ќумур
  • електирична енергија
Резултати