Петмина повредени во три сообраќајки на автопатот кај Велес, сите странци

Петар Печков

Почна сезоната на летни одмори а вчеравечер за четири часа три сообраќајки на автопат во велешко, во кои има петмина повредени. Тројца поради сериозноста а повредите се пренесени на Клинички во Скопје. Сите повредени се странци.

„Во текот на вечерата имавме три интервенции за сообраќајки на автопат во близина на Велес. Во првата имаше повредено жена со повреда на глава и дете. Во втората моторист со скршница на нога и третата после полноќ, две лица. На сите им е дадена неопходна помош и се префрлени на Ургентен центар во велешка болница, сите се странци“ – кажа д-р Василка Пановска, началник на службата за Итната помош при ЈЗУ Здравствен дом.

„Во текот на ноќната смена дежурната екипа имала три интервенции во делот на повредени од сообраќајки. Извршени се снимања, констатирани се повредите. Во првата странска државјанка од Србија со повреди на глава е пренесена на „Мајка Тереза“ детето е здржанио во велешка болница. Задржан тука и и мотористот од Бугарија кај кого е констатирана скрешница на   нога. Двајцата косовски државјани поради тежината на повредите се пренесени исто во Клинички во Скопје“ -  информира хирургот д-р Ванно Граматов, портпарол на Општа болница Велес. 

Деталите за трите сообраќајки ги соопштија од велешка полиција.

„Синоќа година околу 19.30 часот во СВР Велес е пријавено дека на делницата од автопатот Велес кон Неготино, поточно после клучка Велес, патничко возило „Фолксваген поло“ со српски национални ознаки, управувано од Т.С.(42 год) од Република Србија, излетало надвор од коловозот, со телесни повреди се здобил нејзиниот малолетен сопатник од Република Србија. Околу 22 часот на делницата од автопатот А1, во правец од Велес кон Градско, пред клучката Градско, Е.М.Г.(53 год) од Република Бугарија, кој управувал мотоцикл „Сузуки ВЛР 1800“ со бугарски национални ознаки, изгубил контрола над моторот и паднал на коловозот. Околу 2  часот по полноќ, на делницата од автопатот А1, во правец од Велес кон Скопје, односно пред приклучокот од Велес кон Скопје, патничко возило „Фолксваген тирок“, управувано од Ф.Ф.(32 год) од Република Косово, излетало надвор од коловоз. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговиот сопатник Ф.М.(25 год) од Република Косово.“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на  СВР Велес. 

Таа додаде дека вчеравечер се случила и четврта сообраќајка, таа била на територијата на Кавадарци, каде две лица се здобиле со тешки телесни повреди. 

„На 14.06.2025 година во 21. часот во Полициската станица Кавадарци е пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци кон село Дреново, поточно пред крстосницата за Дреново, кавадаречко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од В.Д.(68 год) од село Сирково, општина Росоман и трактор „ИМТ“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Т.Б.(67 год) од село Дреново. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Општата Болница Кавадарци“ – додаде Ѓаковска. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати