Петар Печков
Објавено: вторник, 12 мај 2026
Кавадарчанец понеделникот попладне усмртил пешак во Росоман, додека управувал товарно возило. Истрагата треба да ги открие причините за сообраќајката со смртни последици. Деталите од информацијата на велешката полиција.
„На 11 мај во 18:05 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Градско, товарно возило „сканија“ со приколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(45 год) од Кавадарци, удрило во пешакот К.Ѓ.(89 год) од општина Росоман. Од здобиените повреди на местото на настанот починал пешакот, а лекар констатирал смрт“ – соопшти Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол на СВР Велес.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на Судска медицина на обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Кавадарци и по насоки на обвинителот, возачот Р.Ј. е лишен од слобода.
Од дополнителните извршени крвни анализи кај возачот не е констатирано присуство на алкохол во крвта. Возилото е дадено на вонреден технички преглед. На возачот на товарното возило Р.Ј. по барање на ОЈО Кавадарци, Основен суд Кавадарци изрекол мерка на претпазливост, одземена е патната исправа да не може да ја напушта Македонија но и да се јавува во судот во одреден временски период.
фото интернет
