Писателката Нада Алексоска добитник на наградата „Коле Неделковски“ (фото)

Петар Печков

Писателката Нада Алексоска е годинешен добитник на наградата за животно дело „Коле Неделковски“, која ја доделува Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес. Таа е автор на бројни дела поезија и проза.

„Особена чест ми претставува што годинава јас сум добитник на ова значајно и високо признание.Пријатно сум изненадена и горда на ова признание. Иако сум пензионер јас и  понатаму читам и  пишувам“ - кажа добитничката Алексоска во  спомен куќата на поетот Неделковски во родното село Војница.

Признанието, се доделува по петти пат, во рамките на  одбележувањето на 80-годишнината од смртта на поетот Коле Неделковски. Наградата и беше врачена на свечен начин во дворот на средното училиште „Коле Неделковски“. Обележувањето  на годишнината од  смртта, беше и во спомен куќата на Неделковски во родното село Војница, каде се обрати писателката и се положи свежо цвеќе пред споменикот.

Нада Алексоска е автор на монографијата „Смилјан Гриовски агентот на ЦИА“ издадена 1998 година, стихозбирките „ Кога душата говори“ ,Ластовичка“ , „Песната на ѕвездите“ и збирките на новели „Под сенката на брезата“  и „Муабетење со умот“.

Во дворот на средното училиште кое го носи името на поетот, Коле Неделковски, се одржа чествување за 80 години од неговата  смртта, при што беа прочитани  творби од богата ризница на Неделковски а беше положено цвеќе пред неговата биста.

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА ХАУСМАЈСТОР

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи: Техничар (хаусмајстор) за одржување на надворешна инфраструктура и градина Детали

РОНТИС ВРАБОТУВА ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи: Техничар во оддел за одржување Детали

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Македонија еден ден ќе биде членка на ЕУ?

  • да, но ќе мине време
  • не,нема да се случи
Резултати