Платениот паркинг уште не е воведен, ова е тест период за запознавање на возачите

Петар Печков

Појавата на униформирани лица, по велешките паркинг простори, беше повод за да се рашири веста дека на паркинг просторите се наплатува просторот. Дури на паркингот кај Пионерскиот од вчера и претпладнево во шпицот, имаше голем број празни места, сопствениците избегнуваа да ги паркираат возилата таму. ТрМр  за ваквата состојба се обрати до директорот на ЈП „Парк спорт и паркинзи“Тој објаснуваа дека ова е тест период и паркинг не се наплатува.

„ Официјално не сме започнале со работа. Луѓето се на терен, таблите се поставени. Не се наплатува паркингот во градот. Лицата кои се на паркинзите на лицата кои ги оставаат возилата, им укажуваат дека во скоро време ќе се наплатува паркинг. Се делат флаери и се укажува каква ќе биде натамошна постапка. Се усогласуваат“ - кажа Љупчо Иванов, директор на ЈП Парк спорт и паркинзи.  

Тој најави дека официјалниот старт ќе биде најавен со прес конференција за да може граѓаните, возачите  да бидат благовремено информирани.  Одлуката за платен паркинг Советот на Општина Велес ја донесе  на седница од 23-ти ноември минатата година.

Јавните паркиралишта од отворен тип на територијата на Општина Велес се класифицираат во три паркинг зони утврдени според интензитетот и фреквенцијата на сообраќајот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати