Повторно во два локали во Велес, ноќеска прегласна музика

Петар Печков

Викендов велешката полиција контролирала колку е гласна музиката која се пушта во угостителските објекти во градот. Во два,  биле констатирани прeкршоци. Од полицијата нема дополнителна информација, кои се тие два објекти.

„На 03/04.05.2025 во времето од 22.00 до 02.30 часот, била спроведена акциска контрола во угостителски објекти на подрачјето на Велес. Притоа, при извршено мерење на јачината на бучавата со фонометар, во два угостителски објекти, било констатирано дека ја надминуваат дозволената јачина, односно со музика погласна од дозволеното, го нарушуваат јавниот ред и мир“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Полицијата најавува дека  ќе бидат поднесени соодветни пријави.

И претходниот викенд, велешката полиција изврши идентични контроли, и исто така констатира два прекршоци.

Поврзани »

АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ НА ГАБАРИТЕН ОТПАД

Во периодот од 1ви до 15ти Септември годинава ќе се спроведе акција за собирање на габаритен отпад од домаќинствата. Оваа услуга е бесплатна за граѓаните. Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават во сектор Комунална хигиена секој работен ден од 07.00 до 15.00 часот, на следните броеви: 043/233-768 или 075 498 551 и 071 229 986. Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати