Пожари во Овчеполието (видео фото)

Петар Печков

Според збирната информација на пожарникарите од Свети Николе и тамошната полиција, Центарот за управување со кризи,  изминатите денови три големи пожари го зафатија Овче Поле.

„На 22 јуни околу 16:00 часот, во ОВР Свети Николе пристигнала пријава дека  помеѓу селата Немањици и Ерџелија, во светиниколскиот регион, избувнал пожар во житно поле“ соопштија од СВР Штип  

Кога пламенот бил ставен под контрола, бројката на изгорена земја изнесувала помеѓу 25 и 30 хектари. Тоа е површина во сопственост на повеќе физички лица, нивен труд, нивна жетва, нивна годишна заработка, претворена во чад за неколку часа.

Територијалната противпожарна единица Свети Николе, заедно со екипа од Национални шуми, успеала да го изгасне огнот. Повредени лица нема. 

Голем шумски пожар е регистриран во атарот на светиниколското село Богословец, каде огнената стихија зафатила поширока површина со шумска вегетација. Поради сериозноста на ситуацијата, во акцијата за локализирање и гаснење на пожарот се вклучени повеќе противпожарни екипи од повеќе градови во државата. На терен интервенирале пожарникари од неколку територијални противпожарни единици, кои заедно со останатите служби вложиле  максимални напори за ставање на пожарот под контрола и спречување на негово понатамошно ширење.

Поради непристапниот терен и обемот на пожарот, активирано е и гаснење од воздух. Во акцијата учествувале ер тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување, кои од воздух фрлаат вода врз најкритичните делови од опожареното подрачје.

Денес, среда пожар во околината на село Сарамзалино, каде гори борова шума и ниви. Била зафатена и нива посеана со жито, друга со јачмен.  Таму интервенирале и велешките пожарникари со едно возило и три пожарникари – спасители. Гаснел и авион на Дирекцијата за заштита и спасување.  Според ЦУК од попладневно пожарот бил ставен под контрола.

видео Дирекција за заштита и спасување 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати