Пожар во село Сојаклари каде се опожарени родни дрвја и бали со сено и земјоделска механизација

Петар Печков

Вчера попладне, вторник, пожар во село Сојаклари, кој опожарил родни дрвја но и објект каде имало земјоделска механизација. Деталите од информацијата на велешката полиција. 

„На 20 јули  во СВР Велес било пријавено дека околу 18:00 часот во село Сојаклари, велешко, на имот сопственост на Л.М.(63 год) од истото село, настанал пожар и биле опожарени родни дрвја, кој се проширил и зафатил објект во државна сопственост, кој го користел Т.А.(47 год) од село Сојаклари, во кој имало бали со сено, јачмен, а опожарена била и земјоделска приклучна механизација“ – соопштија од СВР Велес.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Велес. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ВАР системот на последното СП во фудбал влијаеше на резултатите од одредени натпревари?

  • да
  • не
Резултати