Полицаец од ПС Велес со кривична пријава оти му се заканувал на сопственик на сервис за продажба на автомобили

Петар Печков

МВР поднесе кривична пријава против вработен во Полициска станица Велес, оти му се заканувал на сопственик на авто салон, оти купил автомобил од него а возилото подоцна  се расипало. МВР со детали за  пријавата.

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против С.А., на работно место полицаец во Полициска станица од општа надлежност Велес, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 2 во врска со ст.1 од Кривичниот законик. С.А. на 31.08.2025 со намера да вознемири или заплаши сопственик на сервис за продажба и поправка на возила од кого купил половно возило, за кое добил гаранција дека е во исправна состојба, но кратко време по продажбата при управување настанал дефект, му упатил закани на него и на членови од неговото семејство. Од страна на ПС ОН Велес на полицискиот службеник С.А. одземено му е службеното оружје со кое бил задолжен, а Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка“ – соопштија од МВР.

Поврзани »

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

ОГЛАС за избор на 25 судии-поротници во Основен суд Велес
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати