Полицијата контролирала колку е гласна музиката во велешките угостителски објекти

Петар Печков

Викендов веелшката полиција контролирала колку е гласна музиката која се пушта во угостителските објекти во градот. Во два,  биле констатирани прeкршоци. Од полицијата нема дополнителна информација, кои се тие два објекти.

„Во текот на изминатиот викенд, од страна на полициски службеници од СВР Велес, биле извршени контроли во угостителски објекти на подрачјето на Велес. Притоа, во два угостителски објекти, при извршено мерење на јачината на бучавата со фонометар, било констатирано дека ја надминуваат дозволената јачина, односно со музика погласна од дозволеното, го нарушуваат јавниот ред и мир“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Полицијата најавува дека  ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Поврзани »

АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ НА ГАБАРИТЕН ОТПАД

Во периодот од 1ви до 15ти Септември годинава ќе се спроведе акција за собирање на габаритен отпад од домаќинствата. Оваа услуга е бесплатна за граѓаните. Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават во сектор Комунална хигиена секој работен ден од 07.00 до 15.00 часот, на следните броеви: 043/233-768 или 075 498 551 и 071 229 986. Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати