По втор пат, за половина година сателитите на Маск над Велес

Петар Печков

Откако во април за Велигден  прелетаа над Велес, вечерва, петок-декември, повторно беа над градот  сателитети на Илон Маск. За тоа сведочат фотографиите кои велешани ги споделија на социјалните мрежи.

Фотографиите во прилог се од месноста Германски гробишта. Сателитите „Старлинк“ на Елон Маск беа регистрирани  над Велес и предизвикаа многу дилеми и непознати кај дел од  граѓаните. 

Мистериозните светлечки траги кои се  видоа  се телекомуникациските сателити „старлинк“, што пред   година и половина  ги лансира „СпејсЕкс“, компанијата на американскиот милијардер Илон  Маск, втор најбогат човек на светот.

Тие ќе овозможат планетата целосно ја да биде покриена со интернет, секој сателит е тежок 227 килограми. 

Маск почна да го развива проектот „Старлинк“ во 2015 година и неговата вредност се проценува на 10 милијарди долари.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати