По трет пат во Велес, на кино со автомобил (видео)

Петар Печков

В недела  ќе се одржи третата кино проекција во автомобил, Drive In Cinema во Велес.

На нова локација, паркингот од  SMELT-ING, или спроти АМСМ, а близу некогашна Топилница. И терминот на почетокот е нов 21,30ч.

За овој пат најавено е прикажувањето на комедијата  „ТHE BEACH BUM“ со Метју Меконахи, раперот Снуп Дог, Исла Фишер. Мартин Ловренс. Филмот е од ланската продукција, со времетраење од 95 минути.

И овој настан е организиран од EVENTIVE цената на билетот е од 100 до 200 денари за лице, во зависност од местоположбата од кaде ќе се следи филмот.

Пред почетокот на проекцијата како загревање ќе настапат ДЏ Попај и ДЏ Шорти. 

Како превенција за ковид-19, задолжителни се  заштитни маски при влез и за време на проекцијата на филмот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати