По 12 пат во Велес се случи мото собир на МК Носачи на крстот (фото)

Петар Печков

По 12 пат и по три години пауза, поради корона пандемијата, во Велес се одржа мото собир. Организиран од Мото клубот  „Носачи на крстот“, се случуваше  на езеро Младост како и дефиле по улиците на градот. 

Мото собирот  започна од езеро, каде по дефилето и заврши, по што се случуваше вечерна забава со учество на повеќе македонски групи  и ди-џеи, меѓу нив и Деј офф бенд. 

Организаторот проценува дека учествувале илјади мотористи од Македонија, но и од Хрватска, Србија и Бугарија, додека 600 од нив возеле по улиците на градот.

фото Дарко Панов, Мартин Анчов, Ивица Пренџов и Општина Влес

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати