По 20 пат Меѓународниот фолклорен фестивал, со учество на ансамбли од пет континенти, гости и од Велигденските острови (видео)

Петар Печков

Годинава по јубилеен 20 пат, во Велес ќе се одржи меѓународниот  фолклорен фестивал. За оваа пригода, со зголемен буџет на финансии, па песната и танцот ќе ечат од Младинскин парк, ден повеќе од претходните години,  од Амфитеатор пет вечери, од вторник 1-ви до сабота 5-ти јули. 
 
„Од лани септември работевме напорно за фестивалот. Ќе имаме гости од осум држави, од пет континенти. Имаме квалитетни гости, благодарение на тоа што сме членки на ЦИОФ. Втората вечер, среда, Танец ќе има целовечерен концерт. Затворањето е во сабота вечер. Во случај на временски неприлики, концертите ќе се одржат во спортската сала на ОУ Блаже Конески“ – кажа Томе Јаневски, претседател на организационен одбор на фестивалот. 

 Гостите од странство се од Анкара Турција- Азија, од Литванија,  од Дрезден и  од Прага –Европа, од Мексико – Северна Америка, од Велигденските острови –Чиле –Јужна Америка и ансамблот на Македонците Јане Сандански  од  Мелбурн  Австралија, ккао и ансамблот Шумадија од Горњи Милановац  Србија.  Гостите Рапа Нуи, од Велигденсктеи оствори доаѓаат со карактеристичен танц, со ударни инструменти, со укулеле. Од Македонија е ансамблот 7/8 од Скопје, Јане Сандански од Неготино, Тодор Јанев од Чашка, Филиграни од Охрид.  Стандардно пред велешани ќе настапат и ансамблите од Велес, КУД Керамичар, КУД Коле Неделковски, ансамблот Вила Зора, Распеани Велешани, Распеани пензионери.
 
Манифестација без исклучок, изминатите години привлекува најголем интерес кај велешани, кои летните вечери го исполнуваат Амфиетаторот. Финансиски е поддржан од Општина Велес со 900 илјади деанри и Министерството за култура и туризам со 400 илјади денари. 
 
Фестивалот започнува стандардно со дефиле низ улиците на Велес, кое започнува вторник од 19ч, од пред Интернатот преку Борис  Трајковски, Благој Ѓорев, кај Пошта по Алексо Демниевски Бауман до Амфитеатрот.

Градоначалникот Марко Колев ги повика граѓаните  да присуствуаат на настанот.

„Со овој фестивал се гордееме. Обединува различни култури, музики и танци, фолклор од многу земји. Велес пет дена ќе живее во звуците на народниот мелос. Дојдете да уживаме во различностите, обичаите, а не спојува музиката“ – кажа градоначлникот Колев.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати