Претставникот на ЕУ Бертолини со увид на изведбата на работите на „Паметно езеро Младост“, каде ЕУ учествува со грант од 55 милиони денари

Петар Печков

Претставникот на Европската Делегација Бертолини изврши увид во градежните работи на езеро Младост. Со него на терен беа заменичката на претседателот  во Владата Мила Царовска,  министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Мачевски и велешкиот градоначалник Аце Коцевски. 

На езеро Младост  во тек е изведба на проектот „Паметно езеро Младост“ вредно еден милион евра, од кои 55 милиони  денари се грант на ЕУ и  седум милиони денари се обезбедени од општинскиот Буџет.  Со овој проект се воведува прва иновативна туристичка атракција во Македонија, со кој што се подобрува туристичката понуда.

Никола Бертолини, Раководител на секторот за соработка во Делегацијата на Европска Унија  истакна дека Европската Унија константно го помага регионалниот развој.

На земјата и е потребна поддршка за развој, да им се даде работа на бизнисите како и да се овозможи вработување на луѓето. Овој проект е дел од многу интересна програма којашто овозможува многу проекти во целиот регион и е воедно директен одговор на последиците од кризата од пандемијата затоа што само со инвестиции и со кредибилитет државата ќе продолжи понатаму. Туристичкиот сектор кој беше најмногу погоден од кризата може да смета на нашата поддршка - порача Бертолини.

Градоначалникот Коцевски изјави дека во конципирање на проектот учествувале сите економски оператори кои се лоцирани покрај крајбрежјето на езерото Младост, хотелите, рестораните, винариите.

Очекувам преку овој проект да се создадат многу работни места. Езерото Младост е вештачко, но е така добро склопено во просторот што претставува една целина. Езерото и без тоа е примамливо за туристи како од земјата така и од странство. Посебно ми е важно да ги привлечеме странските туристи кои во текот на годината одат во Грција и на север кон Србија. Се надевам дека ќе успееме во тоа. Проектот содржи 18 потпроекти. Дел од нив се веќе завршени, а останатите ќе се завршат во наредниот период. Во наредниот период останува да се набават смарт. На крај би сакал да се заблагодарам во име на граѓаните на Велес на Владата и на Европската унија за поддршката за финансирање на овој проект -рече Коцевски.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

  • да
  • не
Резултати