Продолжен рокот за изградба на горниот дел од Градскиот пазар

Петар Печков

Има задоцнување во изградбата на горниот дел од Градскиот пазар и за тоа изведувачот, ќе плати пенали согласно договорот.

Ова го кажа градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, откако рокот за изведба на покорениот пазар измина за што имаше реакции во јавноста. Причините тој ги лоцира во објективни и субјективни, при што овие вторите не ги прецизираше.

„Има задоцнување    со изведбата на градежните работи на горниот дел на пазарот. Поради преместување на столбови и кабли на ЕВН од горниот дел на пазарот,  заради оштетување на  големиот колектор на фекалната канализација кој минува под  горниот дел на пазарот а  кое го стори  изведувачот, високите температури на воздухот и прогласена портокалова фаза.  Има и субјективни причини. Ќе ги примениме сите мерки кои ни стојат на располагање, согласно договорот, за да се наплатат казнени пенали заради надминувањето на рокот“ - кажа Коцевски.
Новиот рок за завршување на градежните работи и покривање на горниот дел од пазарот, Коцевски го помести за 15-ти септември.

Камен темелникот за изградба на покриениот Градски пазар беше поставен на 4-ти април годинава во присуство на премиерот Заев и повеќе министри од Владата. Тогаш Коцески  рече  дека градежните работи треба да завршат за четири месеци а доколку рокот не се почитува изведувачот  ќе  плати пенали.   

Покривањето на горниот дел од Градскиот пазар го изведува фирмата   Бауер БГ од Скопје а вредноста на градежните  работите е 34 милиони денари.  Познат е изведувачот на градежните работи на долниот дел од пазарот, на тендер бил избран  „БВ инженеринг“ од Битола,  кој требало да достави  програма со динамички план  за  работа и банкарска гаранција.

За кредит во висина од 46 милиони денари, Светска банка  одобри  12,4 милиони денари грант. Тој ќе се користел  за водовод или  пристапни патишта , во селата  каде има  најлоша инфраструктура .

Стручните лица од Светска Банка по посетата на Велес, заедно со стручните служби  од локалната власт, изборот го направиле  за   селото Сопот - водовод  за приклучување  на градска мрежа  во висина од 10,5 милиони денари, за изградба на водоснабдителен систем   Горно Караслари 4 милиони денари и за  селото Новачани, но не беше прецизирано за која намена и која вредност.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ќе гласате на локалните избори, закажани за 17-ти октомври?

  • да
  • не
  • уште не сум одлучил/а
Резултати