Продолжува реконструкцијата на старата водоводна мрежа

Петар Печков

Во тек е  реконструкција на старата салонитна водоводна линија на улица Даме Груев, во стариот дел на Велес под  Којник . Таа се заменува со нова полиетиленска водоводна линија, со должина од 330 м, заедно со 4 хидранти и 3 шахти.

Вкупната вредност на работите е 3.35 милиони  денари, обезбедени од Европска инвестициона банка, преку Министерство за транспорт и врски. Во овој дел од градот следна на ред за реконструкција е водоводната линија на улица ,Мирче Ацев - информираше градоначалникот Аце Коцевски. 

Претходно се работеше на улица  Богдан Каракостев каде исто така старите водоводни цевки се менуваат со нови  во должина од илјада метри. Заврши менувањето на старите азбесни водоводни цевки на улица 8-ми март и Андон Шурков.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати