Промовирано лесно оклопно возило на тркала, кое од следната година ќе го користи АРМ (фото)

Петар Печков

На армискиот полигон Криволак, прв пат пред јавноста  во земјава, беше претставено лесното  оклопно возило на тркала. Тоа од наредната година ќе се најде во воениот возен  парк на македонската армија. 

Со него ќе се опреми  лесната пешадиска баталјонска група. Набавката е извршена согласно потпишаниот договор на Македонската Влада и Владата на САД од 2019-та година, но и според потребите на АРМ.

Како еден од капиталните проекти е тој за  опремување не лесната пешадиска баталјонска група со лесни  оклопни возила на тркала. Со тоа единицата ќе ги подобри своите способности за распоредливост, мобилност, маневар, заштита на персоналот и зголемување на огнената моќ на единицата - кажа генерал мајор Азим Нуредини, заменик началник на Генералштабот на АРМ.    

Првите 33 возила треба да пристигнат следната година, додека во 2024 ќе следи доопремување со 151, за да во наредните три години уште 98, и во 2028-та Македонија да има 249 лесни оклопни возила на тркала. Набавката е извршена од   производителот, компанијата „Ошкош дифенс“.  Овие возила освен армиите на САД и Македонија, ги користат и седум други држави.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати