Пронајдени неексплодирани гранати во Отешево и во Демир Хисар

Петар Печков

Во два одвоени случаи деновиве пронајдени се неексплодирани гранати во Отешево и во Демир Хисар. и двете се отстранети, соопштија до Дирекцијата за заштита и спасување, одделение за пиротехника.

Средата вечер на ден 12-ти август  во 20,30 часот примена е дојава за пронајдена експлозивна направа во Отешево -Ресен, пријавата е доставена од Раководителот на ПО за заштита и спасување Ресен. На 13.08.2020 на лице место е излезено е од страна пиротехничар од ПО за заштита и спасување Кичево и е констатирано дена се работи за артилериска граната од 75 мм.  Неексплодираното убојно средство е безбедно дислоцирани и истото ќе се уништи при првата наредна акција на ДЗС за уништување на неексплодирани убојни средства.- соопшти Ефтим Митров пиротехничар од ДЗС.

На ден 10.08.2020 во 23,45 часот од страна на ОВР Демир Хисар е примена дојава за пронајдено експлозивно средство. Пријавата е преземена од страна на пиротехничар на ДЗС- ПО за заштита и спасување Кичево и по истата е интервенирано на ден 11.08.2020 година во 09,00 часот при што е констатирано дена се работи за неексплодирана артилериска граната од 75 мм остаток од Прва Светска војна пронајдена при извршување на земјоделски работи непосредно до градската Црква и гробишта во Демир Хисар.  Неексплодираното убојно средство е пронајдено во сочувана состојба и истото претставува голема опасност за лица и материјални добра во негова близина доколку со истото се постапува на несоодветен начин. Средството е подигнато и пренесено на безбедна локација каде ќе се чува се до неговото конечно уништување - информираше Митров.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати