Пцовисаните свињи кај Мамутчево, не умреле од свинска чума

Петар Печков

Пцовисаните свињи, кои пред месец дена беа пронајдени во околината на Велес, не се болни од опасни  заразни болести, актуелни во животинскиот свет и не се закана по околината, информираа од Агенцијата за храна и ветеринарство.  Случајот од   ветеринарна  страна   бил  затворен. 

Дилемата  дали  угинатите свињи имаа  опасна заразна болест е расчистена.  Надлежната лабораторија  од Ветеринарен факултет, констатира дека нема африканска свинска чума или класична свинска чума. Направивме истрага по фармите кои се во близина на местото каде беа пронајдени пцовисаните свињи и нема констатирано дека тие се сопственици.   Најверојатно причината за смртта е угушеност  или несоодветен транспорт на животните. Но за тоа одговор ќе треба да даде МВР, бидејќи случајот е препратен кај нив“ - информираше  Фирус Мемед,  заменикот директор на Агенцијата за храна и ветерина. 

Десетте угинати свињи беа   пронајдени на 14-ти април годинава,  иако биле фрлени на тоа место пет дена порано а по реакцијата на жителите на блиското село Мамутчево . Пцовисаните свињи беа  закопани  во јама длабока три метра, гробницата дезинфицирана и попрскана со вар.

Поврзани »

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ недела се прска против комарци

Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско третирање против комарци ќе го изврши на ден 07 јуни (недела) 2020 год. Детали

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

  • да во Македонија
  • да во странство
  • не
Резултати