Ранчо Христов добитник на наградата „Андреја Дамјанов“ за животно дело во архитектурата

Петар Печков

Архитектот Ранчо Христов е добитник на наградата „Андреја Дамјанов“ за животно дело за 2021 година, која ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ).Признанието му беше враќено во салонот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ),

Меѓу делата кои тој ги има реализирано како проектант  во „Мавровопроект“   се   Хотел „Еуротел“,  Струга (1985) и  Трговски центар „Беверли Хилс“, Скопје.  Како проектант во Ателје „Ајвар“ ги има реализирано -  Куќа Бегу, Дебар,  Резиденција на Руската Федерација, Скопје  Администрација „Кометал“, Скопје, Гинеколошка клиника Чаир, Скопје, Занаетчиски центар Бутел, Скопје, Дискотека „Колосеум – летен клуб“, Скопје, Касарна на НАТО, Скопје, Деловен објект „Мак Аутостар“ со салон „Мерцедес“, Скопје, Станбен деловен објект на улица ЈНА во Скопје.

„Вашата долгогодишна работа на полето на архитектурата, дизајнот и градителството претставува нераскинлив дел од материјалната култура на нашата земја, одредувајќи ги меѓу првите  насоките на македонската  архитектура во услови на создавање на сувереноста и независноста на државата. Како дел од промоторите на новиот професионален поредок кој настана од неизбежното распаѓање на општествените претпријатија, вие ја  прифативте новата реалност и со својата неисцрпна енергија и секогаш свежи и авангардни идеи како во струката така и во нејзиното организирање се наметнавте како константна инспирација на помладите колеги“ -кажа Мишко Ралев, претседател на ААМ.

На доделување на наградата „Андреја Дамјанов“, освен на овогодинешниот лауреат Ранчо Христов, свечено беше врачена и минатогодишната награда за животно дело на лауреатот 2020 година, Ѓоко Радовановиќ. Наградата минатата година не беше свечено врачена поради мерките за справување со пандемијата.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали честите сообраќајни полициски контроли резултираа со почитување на сообраќајните правила и прописи?

  • да
  • не
  • зависи до возачите и пешаците
Резултати