Редици за билети за фестивалот 5РЕ

Петар Печков

Утрово, понеделник, од 9ч. пред билетарата на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ редици за билети. Најавено беше почеток на продажбата од 10ч. но велешани побрзаа да обезбедат билети за претставите за кои се заинтересирани. 

На програмата на фестивалот „5РЕ“ се седум претстави, една премиера, две од странство, што создаде голем интерес за присуство.

Од организаторот најавија дека се продаваат до 4 билети најмногу по посетител. Цената е 300 денари за билет. 

ПРОГРАМАТА:

27 март петок  2 „ТЕСТОСТЕРОН“ (ПРЕМИЕРА) Театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ - Велес, отворање на фестивалот и доделување на наградата „Петре Прличко“ за животно дело 

28 март сабота „ТЕСТОСТЕРОН“ Театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ 

31 март вторник „КУРШУМИ НАД БРОДВЕЈ“ Драмски театар - Скопје 

2 април четврток „БОЛВА В УВО“ Драмски театар - Скопје 

3 април петок „ДРУГАТА СТРАНА“ Црногорско Народно Позориште - Подгорица 

4 април  сабота  „НЕ СЕ КЛАДИ НА АНГЛИЧАНИ“ Театар „Бора Станковиќ“ - Врање

6 април понеделник „НАРОДЕН ПРАТЕНИК“ МНТ - Скопје 

7 април  вторник „АМАТЕРИ“ Театар Комедија - Скопје 

8 април среда  „СИТЕ ПРЕКРАСНИ НЕШТА“ ОХО Продукција  затворање на фестивалот и доделување на наградите 

Поврзани »

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати