Реплика на скулптурата на Моаи, од Велигденските острови, патуваше 15 илјади километри од Рапа Нуи до Велес, за да учестува на фолклорниот фестивал (видео)

Петар Печков

Повеќе од 15 илјади километри, од спротивната страна на светот, од среде Тихиот океан, патуваше статуата на Моаи до Велес. Репликата е висока  два и пол метри, изработена од синтетика, и беше дел од сценографијата на настапот на составот.  

Составот Акаханга од Велигденските острови на Чиле, гостите кои ја освоија велешката публика со своите танци, беа придружени од ударачки инструменти и карактеристичниот инструмент за овие острови, укулеле.

„Транспортот беше авантура и тешка обврска. Сакавме овде на публиката во Велес да им покажеме статуа од Велигденските острови, тука на сцената по вашите улици, луѓето да не запознаат. Моаите претставуваат камени скулптури на човечки фигури. До денеска не е познато кој ги изработил, на кој начин и зошто служиле. На островот има повеќе од илјада, а нивната старост се проценува помеѓу 400 и 1000 години. Сите статуи се изработени од вулканска земја. Тие помеѓу себе изгледаат многу слични, но се многу различни по големина. Просечната висина на една статуа е околу пет метри, но има многу такви кои достигаат и до 20 метри. Една таква фигура тежи околу 100 тони. Во Велес донесовме реплика помала од оригиналите“ – кажаа гостите од Чиле. 

Тие се на турнеја низ Европа и меѓу малкуте настапи беа четири дена во Велес, па продолжија за Грција, Оригиналните Моаи се дел од светското културно наследство. Рапа Нуи (Велигденските острови) во превод Големиот Нуи, е дел од Полинезија. Островот се наоѓа 3.700 км оддалечен од матичната држава Чиле. 

На 20 јубилејно издание на Меѓународниот фолклорен фестивал на традиционалните ора и танци, учествуваа 600 играорци од 20 ансамбли од девет држави. Големи аплаузи и внимание доби и ансамблот Цитлакоатал од Мексико. Тој настапи со две кореографии, со традиционалните звуци на маријачите а последната вечeр со танцот на народот Ацтека, староседелците во Мексико. 

За прв пат на фестивалот имаше ансамбли од Прага, Чешка – Росенка и од Германија, Теа Маас од Дрезден, кои на велешката публика ја доближија културата од овие две земји.

Настапија и гости од Анкара – Турција, Горњи Милановац- Србија, Каунас –Литванија и друштвото на Македонците од Мелбурн Австралија – Јане Сандански, како и десетина друштва на играорци од Македонија и сите три друштва од Велес, Керамичар, Коле Неделковски и Вила Зоара.   

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати