Ризикот и последиците од управување возило под дејство на алкохол

Петар Печков

Hа неколку локации во Велес, реализирана е превентивна активност на која на возачите им беше укажано за ризикот и последиците од управување возило под дејство на алкохол.

„Со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности на возачите и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот,  потребна е  максимална внимателност, со цел зголемување на нивото на безбедност во сообраќајот“ - соопштија од МВР.

Акцијате е реализирана од  полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес.  

Во рамки на активностите бил поделен и едукативен материјал изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност– Скопје.

фото МВР

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ВАР системот на последното СП во фудбал влијаеше на резултатите од одредени натпревари?

  • да
  • не
Резултати