Петар Печков
Објавено: вторник, 21 април 2026
Спортската сала „Гемиџии“ доби нов современ лед семафор, прв од таков вид во Македонија и еден од малкуте во регионот. Авторот кој е од Бања Лука, изработил софтвер, апликација за спортски услуги, која е наградувана во различни земји и натпревари од 2022 до 2025 за најдобар во светот во рамките на спортските семафори.
„На лед екранот се поставува табелата, софтверот е едноставен за користење, многу е прецизен, има бројни додатни делови. Пример играчот дава кош, и на лед екранот излегува слика на спортистот. Било кој да е, ракометар кога ќе постигне гол, одбојкар кога ќе поентира. За тоа претходно се треба да биде внесено во програмот. Со овој програм нема потреба од водење записник, хартии, пенкала, се внесува електронски во текот на натпреварот. Може да се следат други натпревари кои се играат истовремено а се поврзани на овој програм. Лесен е за управување, има специјален таблет преку кој се води и записникот за натпреварот. Може да се емитуваат реклами на полувреме, тајм аут, да се пуштаат музички нумери. Потоа сета оваа статистика може да се префрли на директниот пренос, кој се врши од натпреварот, бидејќи секој клуб е задолжен да врши пренос. Статистиката може да се презема од овој софтвер, и гледачите да следат резултат, стрелци, време. За потребите на кошарката има поставено дисплеј на кошовите, ќе покажува време 24 секунди за напад“ – кажаа од Белгранд Македонија, која го инсталираше лед семафорот .
Белгранд е компанија од Теслич БиХ која изработува и поставува лед екрани, најмногу по молови. Досега има поставено во 35 сали во регионот, тие се опремени со ваков лед семафор намногу во Хрватска и Австрија , каде најчесто ја набавуваат клубовите. Во Македонија досега немаа.
Новиот лед семафор го замени застарениот на ЕИ Ниш.
Салата сега е опремена со најнов семафор, што се случило случајно. Јавниот повик бил објавена, фирмата случајно го видела, аплицирала во последен момент, понудата е прифатена и Велес прв во Македонија доби современ лед семафор.За оваа цел локалнта власт издвои 600 илјади денари. За негова работа обучено е едно полмадо лице кое ќе го опслужува современиот лед семафор. Стариот ЕИ Ниш семафор останува во салата да се користи за некои натпревари.
