Швајцарската мултинационална компанија РОНТИС, активна во областа на производството на лекови и медицински помагала, во фабриката во Велес има потреба да вработи:
Аналитичар во микробиолошка лабораторија
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
ССС / ВСС (лаборант, биологија, микробиологија, фармација, хемија и сл.).
Познавање на говорен и пишан англиски јазик, како и ракување со Microsoft Office пакетот.
Со или без работно искуство.
Главни одговорности и активности на работното место:
Спроведување на зададениот план за микробиолошки анализи - редовно земање на примероци и нивна обработка (производствените погони и производи).
Изготвување на точни и навремени извештаи за микробиолошкиот статус во производните погони и производи.
Предлагање и учество во воспоставување и мониторинг на превентивни и корективни мерки.
Соработка со внатрешни и надворешни ресурси за одржување на опремата во оптимална состојба.
Ние нудиме:
Пријатна работна атмосфера
Работно време во една смена
Организиран превоз
Можност за професионален развој и напредување
Пријатно работно опкружување и континуирана едукација.
Доколку сте заинтересирани, ве молиме пратете ја вашата биографија (CV) со слика на адресата: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, с. Долно Оризари бб, Велес 1400 или електронски на е-mail: hrmk@rontis.com, задолжително со назнака за Аналитичар во микробиолошка лабораторија, најдоцна до 05/02/2026 година.