Петар Печков
Објавено: недела, 05 април 2020
Моменти кои беа овековечени изминатите седум дена.
Што светот виде, периодот зад нас.
Фотографии од насловните страници.
Петар Печков
Објавено: недела, 05 април 2020 430
Моменти кои беа овековечени изминатите седум дена.
Што светот виде, периодот зад нас.
Фотографии од насловните страници.
Поврзани »
Врз основа на член 110 од Деловникот на Советот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес“ бр.02/26 и 08/26), Одлуката за востановување награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов („Службен гласник на Општина Велес“ бр. 17/07 и 10/26) , Комисијата за јавни дејности распишува
ЈАВЕН ПОВИК
за прибирање предлози за доделување на
наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
1. Наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ се доделува на студент од Општина Велес со завршена најмалку втора година од студиите.
2. Наградата се доделува за студент кој постигнал најдобар успех во претходните академски години.
3. Предложениот кандидат за наградата треба да ги исполнува следните услови:
- Да е студент на еден од универзитетите во Република Македонија и акредитираните универзитети во земјата и странство
- Да има просечен успех од најмалку 9,5.
- Да е жител на Општина Велес.
4. Предлог за добитник на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ може да поднесе секој граѓанин на Општина Велес и самиот студент.
Кон предлогот се доставува и уверение за предвидените и положени испити за завршените години од студирањето, како и лични податоци за кандидатот (копија од индекс и лична карта).
Предлогот мора да биде образложен.
Документите се доставуваат во оригинал или заверен препис од Нотар, а за студенти кои се запишани на факултет во странство доставените документи да се преведени од овластен судски преведувач.
5. Наградата се доделува на свеченост по повод 9 Ноември – Денот на Општина Велес.
6. Предлозите се доставуваат до Комисијата за јавни дејности на Советот на Општина Велес, со назнака за „Јавен повик за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година на ул. „Панко Брашнар“ бр.1 Велес најдоцна до 21 октомври 2026 година.
Претседател
на Комисијата за јавни дејности,
Селма Амедоска
Врз основа на член 110 од Деловникот на Советот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес“бр.02/26 и 08/26), Одлуката за востановување 9 Ноемвриски награди и признанија на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес“ бр.07/97; 7/01, 05/04 и 10/26) , Комисијата за јавни дејности распишува
ЈАВЕН ПОВИК
за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година
1.Признанијата се доделуваат во форма на плакети, пофалници и благодарници на најдобри поединци во областа на стопанството, науката, културата, образованието, здравството, уметноста, физичката и техничката култура, архитектурата, публицистиката, иноваторството и екологијата.
2.Признанијата се доделуваат на физички и правни лица, установи, здруженија, организации, неформални групи и други субјекти кои со своето дејствување дале особен придонес за Општина Велес и нејзина афирмација во земјата и странство.
3.Предлози за доделување на 9 Ноемвриски признанија можат да поднесуваат Градоначалникот, член на Советот на Општина Велес, физички и правни лица, установи, здруженија и други субјекти.
4.Предлогот мора да биде образложен и да содржи податоци и докази за исполнување на следните услови:
Делото односно постигнатите резултати да претставуваат значајно остварување за одредена област од член 4 на оваа Одлука
Делото да е објавено и да станало достапно на јавноста до 15 октомври во годината во која се доделува наградата односно признанието
Авторот на делото да е жител на општина Велес или делото да е тематски врзано за Општината Велес
5.Признанијата се доделуваат на свеченост по повод 9 Ноември – Денот на Општина Велес.
6.Предлозите се доставуваат до Комисијата за јавни дејности на Советот на Општина Велес, со назнака за Јавен повик за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година на ул. „Панко Брашнар“ бр.1 Велес најдоцна до 21 октомври 2026 година.
Претседател
на Комисија за јавни дејности
Селма Амедоска
Врз основа на член 110 од Деловникот на Советот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.02/26 и 08/26), Одлуката за востановување награда за животно дело „Гемиџии“ („Службен гласник на Општина Велес“ бр.7/97; 7/01, 5/04 и 10/26) , Комисијата за јавни дејности распишува
ЈАВЕН ПОВИК
за доделување на
наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година
1. Наградата за животно дело „Гемиџии“ се доделува на физичко лице кое со своето долгогодишно професионално, научно, културно, уметничко, образовно, спортско, општествено, стопанско, хуманитарно или друго јавно дејствување оставило траен белег и особен придонес за Општина Велес, нејзината афирмација и развој.
2. Кандидатот за наградата треба да ги исполнува следните критериуми:
- да има остварено особени и трајни резултати од значење за Општина Велес;
- придонесот да има јасно препознатлива вредност за локалната заедница или за афирмацијата на Општина Велес во земјата и/или странство;
- резултатите да се потврдат со релевантна документација, признанија, публикации, проекти, резултати или други докази;
- да има долгогодишно дејствување и континуитет во областа во која е постигнат придонесот;
- со своето дејствување да придонесува кон почитување на јавниот интерес, угледот и вредностите на Општина Велес.
3.Предлог за доделување на наградата можат да поднесат Градоначалникот, член на Советот на Општина Велес, физички и правни лица, установи, здруженија, организации и други субјекти.
Предлогот мора да биде образложен и да содржи податоци и докази за исполнување на критериумите. Кон предлогот се доставуваат докази за исполнување на горенаведените критериуми.
4.Наградата се доделува на свеченост по повод 9 Ноември – Денот на Општина Велес.
5.Предлозите се доставуваат до Комисијата за јавни дејности на Советот на Општина Велес, со назнака за „Јавен повик за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Комисија за јавни дејности на ул.„Панко Брашнар“ бр.1 Велес најдоцна до 21 октомври 2026 година.
Претседател
на Комисија за јавни дејности
Селма Амедоска
АНКЕТА »
tirekovmirece@gmail.com
До насловот
Под насловот
Десна маргина
Се отвора и на десктоп и на мобилна верзија
Големина на банер дадена во графички приказ
Правниот субјект не е ДДВ обврзник
