Се вратија т.н. легнати полицајци на критичните улици каде децата одат за на училиште, дополнети со пластични чунови

Петар Печков

Вратени се т.н. лежечки полицајци, кои треба да го успоруваат сообраќајот на делници каде има ученици и деца. Ова беше по барање од страна на граѓаните кои реагираа по социјалните мрежи но и на членови на Советот, кои бараа нивно враќање, поради брзото возење од страна на поединци. 

Локалната власт ги острани при асфалтирањето  на улиците во септември на неколку локации а деновиве се поставени нови. Тие се унифицирани, пластифицирани, а  некои и осветлени  од страна на тротоарот, заради одбележување во вечерните часови и безбедност ан учесниците во сообраќајот.

Надлежните информираат дека дополнително се поставени и пластични чуневи, оти на истите вакви, кои одамна се користеа  кај училиштето Коле Неделковски, возачати ги избегнуваат со минување меѓу нив. Токму поради тоа биле и овие чуневи , да се избегне слична состојба и со ново поставените.

Нив ги има на ул Борис Трајковски, кај ОУ Васил Главинов, на ул. Алексо Демнивски Бауман пред Пионерски и кај преминот од Младински парк кон салата, потоа на ул. Петре Прличко кај ОУ Панко Брашнар.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

ДПТ РОНТИС вработува

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:  Техничар за одржување  Оператори за производство на крвни линии Детали


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати