Се сечат старите дрвја во Градскиот парк

Петар Печков

 Се сечат старите и дотраени дрвја од Градскиот парк, кои се опасност по посетителите и минувачите на овој простор. Отстранувањето се врши етапно до почетокот на летниот период, почнувајќи од најопасните дрвја  кои се закана по околината. По сечењето, паркот ќе се расчисти, обнови и засади со соодветно зеленило од страна на ЈКП Дервен.

Се сечат 46 стебла стари педесетина години, најмногу тополи, кои се деформирани  и деградирани  а ја нарушуваат естетиката  и безбедноста на просторот. За оваа активност ќе се потрошат 87.400  денари од локалниот Буџет. Пресечената дрвна маса се транспортира од страна на ЈКП "Дервен" до  нивните магацинските простории и ќе се користи за потребите на ЈКП, како и за граѓани кои се во тешка материјална положба, а кои ќе поднесат барање до општината за огрев.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати