Сигурносните рампи викендов не работеа оти крадци го украле кабелот

Петар Печков

Сигурносните рампи на пругата низ Велес која води за Гевгелија, викендов не работеа. Причина некој украл од  кабелот кој ги поврзува рампите. Ова беше причина во саботата и неделата да има застој при нивното спуштање.  Од Македонски железници објаснуваат дека крадците се причината за застојот.

Во саботата напладне непознат сторител/и од мостот кај Тополка украл стотина метри од кабелот  кој  ги поврзува сигурносните рампи. Тој беше заменет во неделата напладне и во овој период од 24 часа, имаше застој во работата на рампите од железничките премини. Но машиновозачите постапуваа согласно дадените правила, пред секој премин сопираа, со звучен сигнал кажуваа дека ќе минат и потоа со мала брзина го продолжува патувањето- изјавија од МЖ.  

Застојот во Велес беше на три премини, првиот кај Железен мост, вториот влезот во Дворови и третиот  преминот кај  мостот Гемиџии.  Крадците ги сечат  сигурносните кабли,  ги топат а добиениот бакар го препродаваат во откупните центри и печалат. 

Но тоа што збунува е како во во текот на саботата се одвиваше железнички товарен сообраќај а машиновозачите беа во штрајк, кој го прекинаа неделата наутро кога сообраќајот продолжи со тековниот возен ред. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати