Сите обиди на ОК Пелагонија и ОК Борец да влезат во повисок ранг, во Прва лига

Петар Печков

1965 год. се случија првите квалификации за влегување во 1-вата Сојузна лига. Бевме втори во републичката лига и ждребот сакаше да играме во Сараево. додека во другата група првакот на Македонската лига ОК „Вардар“ во Скопје ја организираше другата група во која настапија: ОК „Студент“ од Ниш, ОК „Единство“ од Брчко, ОК „Јесенице“ од Јесенице, ОК „Кварнер“ од Риека и ОК „Вардар„ Во 1.вата лига пласман изборија: ОК „Кварнер“ и ОК „Студент„
 Да напомнам дека до 1968 година право на квалификации се играше по републики.
    
2-рата група, која напомнав се играше во Сараево, настапија екипите: ОК „Младост“ Земун, ОК Винковци од Винковци, ОК „Босна“ од Сараево, ОК Фужинар Целје и ОК „Пелагонија“ од Титов Велес. Во 1-вата лига се изборија од оваа група: ОК „Босна“ и ОК „Младост“. Се играше од 1-8 октомври1965 г. За ОК „ Пелагонија „ настапија: тренер, Јордан Димов , играчи: Петар Димов, Александар Жабев, Ангел Жабев, Петре Зафиров, Никола Зафиров, Никола Поп Златанов и Орце Стојков

1967 год. ОК „Пелагонија“ го освојува 3-тото место во Македонската одбојкарска лига. 1. ОК „Вардар„ 2. ОК „11Октомври“ Прилеп и 3. ОК „Пелагонија„. Досега беше пишувано дек ОК Пелагонија“била првопласирана:
Квалификации: 1-ва група се игра во Суботица, настапуваат: ОК „Спартак„ Суботица,  ОК „Маталац“ Загреб,  ОК „Јединство“ Брчко, ОК„ Јесенице“ од Јесенице,  ОК „Брсково„од Мојковац , кого само него го победивме со  3:0 и ОК „Пелагонија“, го освоивме 5-тото местo. во 1-ва сојузна лига влегоа: ОК „Спартак“. За ОК Пелагонија настапија : Тренер Нине Панов играчи: Ордан Димов, Ангел Жабев, Никола Зафиров,Александар Жабев, Панче Караџов, Петре Зафиров, Никола Поп Златанов,  Стојан Кочов и Ристо Поп Златанов.
 2-рата група ОК „Вардар„ е прв и влегува во 1-вата Сојузна лига.
 3-тата група каде играше ОК „11 Октомври„ влегоа ОК „Раднички“ од Кикинда.

Во оваа година настапува формирање на 2-рата Сојузна лига , во која од Македонија во источната група ќе настапат ОК „Пелагонија и ОК „11 Октѕомври„ а со натпревари се почна во 1968 год.

1971 год. сега веќе ОК „Борец„ како 2-ро пласирани во источната сојузна лига, зад ОК „Студент“ од Ниш, се стекнуваме со право на квалификации кои ќе се одржат во Загреб од 27 до 30 јуни.

Учесници: ОК „Босна“ од Сараево, ОК „Борец“ од Титов Велес,ОК „Модрича“ од Модрича и ОК „Кикинда“ од Кикинда, која 2 год. пред тоа по казна вратена во републичка лига и рехабилитирана на овие квалификации. Ние за ова играчка сезона од ОК„Вардар“ ги зедовме Сергеј Божиќ и Душан Митровиќ. За овие квалификации се надевавме дека имаме шанса да се избориме за 1-вата лига.

Настапија: Тренер Јордан Димов, играчи: Александар Жабев, Тодор Мијаков, Никола Поп-Златанов, Орце Стојков, Јосиф Ќурчиев, Ристе Поп  Златанов, Сазде Ботарев, Никола Зафиров. Сергеј Божиќ и Душан Митровиќ. За 1-вата лига се изборија: ОК „Босна„ и ОК „Кикинда„ Разочарување комплетно, иако имавме и навивачи од Велес, aкцијашите на „Сава“. Тогаш студирав во Сараево и тренирав во ОК „Босна„. На прашањето на тренерот Вукаловиќ, како овие моите, беа ли добри. Ми одговори. Владо додека во Клубот се оние кловнови (се знае за кого) никогаш нема Клубот да напредува.

1976/77 год. ЖОК „Борец„ игра во 2-ра лига „ЈУГ“. На почетокот од 1977 год. од играње се повлекуваат браќата Жабеви, значи клубот е ослабнат, Јас во 1976 год во ЈНА. Оваа година е споменувана како проштални натпревари на Жабеви, никогаш никој не се задржал на натпреварувачкиот дел. Замислете: ОК „Струмица“ заслужено е прва и во квалификациите не сум запознаат што направи.

Табела
1    ОК „Струмица“     18        16 поб.   2 порази     49:12 сетови (989: 533 поен количник)   32 бода
2   ЖОК „Борец“        18        16           2                  49:13             (877:642)                               32 бода

Лигата со по 8 бода (последен и пред последен ) ја напуштаат ОК Студент Ниш и ОК „11 Октомври“
 Зошто се навраќам на оваа година. Кусогледоста на Управата допринесе да од играње се откажат Жабеви. Ако во претпоследното коло кое го игравме во едно крајна тензична атмосфера со ОК „Партизан“ од Љипљан, нормално ослабени и натпреварот го губиме 3:1 а во последното коло играме со ОК „Струмица„ Ако победевме ќе имавме 2 бода предност пред директниот ривал, квалификациите не ни бегаат.

Со ОК „Партизан“ настапија: Никола Зафиров, Владо Диневски,Ацо Јолевски, Љупчо Настев, Никола Кузмановски, Сазде Ботарев, Ице Трајковски, Душан Анѓушев, Ѓоре Арсов и мислам Димче Кузев.

Ова го немав ни Јас забележано до пред 2 месеци, па сега седејќи дома, думам, пишувам, читам, а најповеке за одбојката, односно ОК „Пелагонија и ЖОК „Борец.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

  • да
  • не
Резултати