Петар Печков
Објавено: понеделник, 20 април 2026
Во текот на неделата попладне на автопатот Пријателство, делница Неготино -Градско, моторист излетал со моторот од автопат и се здобил со тешки телесни повреди. Деталите информацијата на велешката полиција.
„На 19.04.2026 околу 17:25 часот во ОВР Неготино е пријавено дека на автопатот Неготино- Градско, кај место викано „Летиште“, М.В.(42) од Скопје, управувајќи мотоцикл со скопски регистарски ознаки, излетал од коловозот“ – соопшти Ана Милевска Ѓеоргиева портпарол на СВР Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Велес.
„Неделата попладне е примен пациент од сообраќаен инцидент. Лицето по извршените снимања и здравствени прегледи, констатирано е дека има скршеници на пршлени, па е пренесен на клиниките во Скопје“ – информира д-р Анамарија Џунџева портпарол на СВР Велес.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Неготино, за да се откријат причините за сообраќајниот инцидент.
фото интернет
