Петар Печков
Објавено: среда, 06 август 2025
ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против С.И.(43 год ) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичнo делo „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик.
„Лицето се сомничи дека на 27.07.2025 во семејниот дом во Кавадарци со метален предмет нанел повреди на неговиот брат И.И.(42 год) од Кавадарци, од кои тој починал, по што телото го закопал во помошен објект во дворот од заедничката куќа“ – соопштија од МВР.
Во текот на 5 август В.О.(44 год) сестра на двте лциа, во 11 часот во ОВР Кавадарци го пријавила за исчезнат нејзиниот брат И.И.. Во 13 часот пријавила дека во помошниот објект во дворот од куќата на нејзините браќа, каде што отишла со сопругот, забележале дека има ископ покриен со ровка земја, по што се посомневале дека е можно нејзиниот исчезнат брат да е закопан внатре.
„По пријавата, на местото излегле јавен обвинител, полициски службеници и претставници од Институт за судска медицина Скопје, а од погребално претпријатие откопана е дупката и било пронајдено телото на И.И“ – соопштија од МВР.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција и вештачење. Истиот ден во 14:40 часот, по извршени оперативни проверки и добиени сознанија лишен бил од слобода С.И..
Основното јавно обвинителство Кавадарци донело Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека е сторител на кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик., за што е предвидена затворска казна од најмалку пет години.
„Осомничениот 43-годишник, на 27 јули во вечерните часови, го лишил од живот својот една година помлад брат, удирајќи го неколку пати со метален предмет по главата. Делото го извршил по вербална расправија во дневната соба во домот на оштетениот. Во период од следните неколку дена презел повеќе дејствија за да го прикрие делото и да уништи трагите – ја избришал крвта од подот и предметите, а телото го пренел во помошна просторија во дворот на куќата, каде го закопал и го покрил со шперплоча и други предмети“ – соопштија од ОЈО Кавадарци.
Поради опасноста да се даде во бегство, но и да преземе и дополнителни дејствија за уништување на трагите, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, која и му е изречена.